University Goce Delcev - Stip
Развојната тенденција и корелациска зависност на заразните болести и населението во Република Македонија и окружувањето и нивното влијание врз економските ефекти на организациите
Abstract
dc:description.abstractОсновен мотив при изработката на трудот беше проучувањето на заразните болести, кои се јавуваат како фактори за намалување на ефикасноста во работењето. За таа цел извршивме нивно идентификување, анализирање, прогнозирање и предлагање на мерки за нивно минимизирање во насока на подобрување на ефикасноста во работењето. Во денешно време посебно се следат и се проучуваат хроничните болести за кои може да се рече дека епидемиски се појавуваат. Според своите карактеристики, тоа се постојани болести кои бараат долготрајно, понекогаш и доживотно лечење и стручен надзор, истовремено и социјална рехабилитација, оставајќи често и трајни последици (ограничена или трајна неспособност за работа). За согледување на состојбите на заразните болести во Република Македонија и окружувањето, нивната динамика во изминатиот повеќегодишен период и нивното прогнозирање за наредниот период од неколку години, користени се методите на пресметка на: централните тенденции, стапката на морбидитет, сезонските индекси, корелационата зависност со населението во Република Македонија и окружувањето. На крајот, врз основа на претходните испитувања на појавите, донесени се соодветни заклучоци за причините кои што предизвикале намалување, елиминирање или редуцирање на заразните болести, како резултат на примена на сè поголем број заштитни мерки, напредокот во медицината и подигањето на свеста кај луѓето и влијанието врз успехот на работењето. Клучни зборови: заразни болести, стапка на морбидитет, корелациона зависност, развојните тенденции, сезонски индекси.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev - Stip
- Year dc:date.issued
- 2011
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Tosev, Aleksandar
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/457/