Филолошки факултет „Блаже Конески“
Односите меѓу терминологијата и преведувањето (врз примери од правни текстови на француски и македонски јазик)
Abstract
dc:description.abstractТерминологијата и традуктологијата се две млади научни дисциплини, кои својот полн развој го доживуваат во втората половина, а особено кон крајот на минатиот век. Иако секоја од нив претставува одделно научно поле, со свој предмет на проучување, тие сепак се тесно поврзани. Таа поврзаност произлегува од фактот што и двете науки го проучуваат јазикот, иако од различни аспекти. Кога се проучуваат односите меѓу двете дисциплини во литературата најчесто се проучуваат односите меѓу терминологијата и преведувањето, односно придонесот на терминологијата во подобрувањето на квалитетот на преводот. Ваквиот пристап се должи на тоа што терминологијата подоцна се развива како одделно научно поле, а производите на терминолошката работа најчесто се ставаат на располагање на преведувачите. Сепак, мора да се нагласи дека тие односи се двонасочни, па и преведувањето придонесува кон развојот на терминологијата. Затоа предмет на интерес на оваа теза се односите кои се востановуваат меѓу терминологијата и преведувањето. Нивната анализа би требало да покаже на какво рамниште е развојот на двете дисциплини, со што би се дале и основните одредници за тоа во која насока треба да се развиваат. Од друга страна пак, при анализата на нивните односи се проучува и суштината на постоењето на двете науки, нивната практична примена. Тоа значи дека дисертацијава е насочена кон проучување на терминолошката и преведувачката дејност и начинот на кој тие се надополнуваат.
Degree
thesis:*- Name dc:type.qualificationname
- phd
- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- Филолошки факултет „Блаже Конески“
- Year dc:date.issued
- 2009
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Jakimovska, Svetlana
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/5580/