Технолошко-металуршки факултет- УКИМ- Скопје
Оптимизација на технолошкиот процес на кроење за ефикасно искористување на материјалите
Abstract
dc:description.abstractВо последната деценија, компаниите од индустријата за облека се изложени на висока конкуренција од земјите со ниска цена на работната сила и постојано зголемување на производните трошоци. Поради ова, се повеќе се наметнува прашањето за подобро искористување на постоечките ресурси во насока на зголемување на конкурентноста и профитабилноста на компаниите. Во производството за облека, на трошоците за основен материјал отпаѓаат повеќе од 50 % од цената на готовиот производ. Од особена важност за зголемување на ефикасноста во технолошкиот процес на кроење и поголемо искористување на материјалите е начинот на процесирање на работните налози, односно, планирањето економични кројни наслаги. Во репрезентативни индустриски фирми за производството на облека и логистика, анализирано е влијанието на нивото на применетата технологија врз количината на генериран текстилен отпад во процесот на кроење. Истражувани се можностите за зголемено искористување на текстилните материјали преку поефикасен менаџмент на материјалите, планирање и примена на информатичката технологија. Покажано е дека преку: оптимизација на кројните наслаги, примена на САD системите и примена на софтверски апликации, може да се постигне значајно намалување на материјалните трошоци. Во насока на остварување дополнителен профит и зголемена конкурентност на конфекциските фирми, како и за постигнување еколошки бенефит за општеството во целина, дополнително е истражувана можноста создадениот текстилен отпад да се употреби како суровина за производство на композитни материјали. Клучни зборови: оптимизација на процесот на кроење, текстилен отпад, материјални трошоци, трошоци за работна сила, композитни материјали, COP софтвер.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- Технолошко-металуршки факултет- УКИМ- Скопје
- Year dc:date.issued
- 2011
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Zhezhova, Silvana
Subjects
dc:subject × 2Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/5681/