University Goce Delcev Shtip
Системи за заштита на ПЈС од подземни и површински води со имплементирање на информациски систем за мониторинг
Abstract
dc:description.abstractБрзото темпо на развој на рударската технологија во последните години ја наметна потребата и останатите активности во процесот на експлоатација на минералните сировини да го следат тој развој со цел да се постигне поголема и побезбедна продуктивност. Одводнувањето како активност која му предходи, но и го прати технолошкиот процес на експлоатација на наоѓалиштата, мора да ги задоволува сите нивоа на навремено и сигурно функционирање. Најчест проблем кој ја прати површинската експлоатација на минерални сировини, е заштитата од подземни и површински води. Навременото и ефикасно решавање на ваквите проблеми може да гарантира безбедност и продуктивност на технолошкиот процес. Процесот на предодводнување и одводнување на рудниците со површинска експлоатација, освен што бара високо ниво на истраги од аспект на хидрологија и хидрогеологија, бара користење на соодветни методи и системи за одводнување. Развојот на технологијата за експлоатација која овозможува и зголемување на параметрите на димензиите на рудниците, бара и сè поголемо присуство на информатичката технологија во функција на мониторинг на системите за одводнување, прибирање на податоците и нивна обработка сè со цел за навремено и ефикасно интервенирање за заштита од дотокот на води во рудниците со површинска експлоатација.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev Shtip
- Year dc:date.issued
- 2010
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Gjorgievski, Blagoj
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/587/