University Goce Delcev Shtip
Анализа и синхронизација на новата механизација при откопување на откривката во ПК – ПЈС во Рудник Суводол – РЕК Битола
Abstract
dc:description.abstractПодинската јагленова серија е енергетска суровина во составот на јагленовото наоѓалиште Суводол, односно површинскиот коп за јаглен Рудник ,,Суводол” РЕК ,,БИТОЛА”. Јагленовите слоеви со меѓуслојната јаловина лежат под просторот на веќе експлоатираниот главен јагленов слој. Технологијата и начинот за експлотација на ПЈС се условени од геоморфологијата на јагленовата серија и техничко - технолошките можности на опремата. Отворањето и експлоатацијата на подинската јагленова серија е од посебна важност за продолжување на векот за работа на РЕК ,,Битола”, односно директен позитивен придонес за енергетската состојба во Република Мекедонија. За сите адекватно потребни активности во функција на отворањето на површинскиот коп, се потребни среднорочни планови, односно календарски планови за успешна реализација на поставените цели преку проектната документација. Планирањето е важен елемент кој е неопходно потребен пред самиот почеток на спроведувањето на проектот. Во оваа магистерска работа е прикажан еден од начините на планирање, односно техниката на планирање. Испланирани се активностите потребни за отворање на површинскиот коп ,,Суводол” - ПЈС и е направена временска анализа за нивна реализација. Образложена е методата за планирање со анализа, односно техника на мрежното планирање (TMP) за синхронизација на новата механизација при откопувањето на откривката за површинскиот коп ПЈС.
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev Shtip
- Year dc:date.issued
- 2011
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Milenkovski, Dragan
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/588/