University Goce Delcev Shtip
Планирање на развој на површинскиот коп на јаглен во функција на геотехничка стабилност на работните косини
Abstract
dc:description.abstractАнализирањето на геотехничката состојба на стабилноста на косините на откопните блокови дава можност за проценка на сигурноста на тековниот процес на експлоатација како и планирање на натамошниот развој на рудниците. Како еден од главните фактори за проценка на стабилноста на косините се физичко - механичките својства на карпестите маси. Геолошките, инженерско - геолошките, хидролошките и климатските карактеристики на анализираното подрачје и поширокиот регион, условуваат и специфични хидрогеолошки одлики на просторот. Развојот на површинскиот коп како техноген фактор, исто така има влијание врз хидрогеолошките одлики и вкупната проблематика која е предмет на анализа и проучување. Треба да се истакне дека хидрогеолошката проблематика многу влијае и врз состојбата на стабилност, така што при опис на геомеханичките параметри, многу е значајно да се имаат предвид влијанијата од подземните води. Било каква промена на нивото на подземни води, нивно замрзнување и одмрзнување и слично, создава нови услови во напонската состојба на карпестите маси и доведува до појава на нестабилност на косината. За да се дефинираат условите на експлоатацијата и геометријата на ископот по одделни фази, направени се и соодветни анализи на стабилноста. Во анализирањето користени се современи методи за дефинирање на стабилноста на косините (метода на ламели, Bishop, Spencer и Janbu).
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev Shtip
- Year dc:date.issued
- 2012
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Manevski, Strase
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/601/