Back to search

Универзитет „Св. Кирил и Методиј‟ - Скопје

Сортна сепецифичност на овесот во услови на органско и конвенционално производство. Авторезиме од докторска дисертација.

Abstract

dc:description.abstract

Во периодот од 2005-2007 година беа изведени испитувања со пет популации овес (популација кривогаштани, популација требеништа, популација радолишта, популација бугарија, популација кучевиште) и три сорти овес (рајац, славуј и ловќен), кои беа поставени во услови на органско и конвенционално производство. Основна цел беше да се утврдат разликите на морфолошките, биолошките и производствените карактеристики на испитуваните популации и сорти, како и разликите меѓу органското и конвенционалното производство. Со анализата на испитуваните сорти и популации и нивните карактеристики, може да се утврди која сорта и популација е најсоодветна за органско а која за конвенционално производство за овој или други производни реони со слични почвено-климатски услови, кои ќе бидат најпогодни и ќе гарантираат високо и сигурно производство. Опитите се поставувани според методот на случаен блок систем во четири повторувања, на основни парцелки со површина од 5 m², на површините на опитното поле во Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица. Приносот на зрно по единица површина просечно за тригодишниот период, одгледуван во услови на органско производство се движи од 3833 kg/ha кај популацијата кривогаштани до 5050 kg/ha кај сортата ловќен, додека просечниот принос на овес одгледуван во услови на конвенционално производство се движи од 3308 kg/ha кај популацијата кривогаштани до 4366 kg/ha кај сортата ловќен. Приносот на зрно по единица површина, при споредба на општите просеци од двата система на одгледување, е поголем при органското производство (4450 kg/ha) апсолутно за 626 kg/ha или релативно за 14,07% од приносот на зрно при конвенционалното производство на овес (3824 kg/ha). Од тригодишните испитувања се констатира дека во услови на органско производство сортата ловќен може да се препорача како најпогодна сорта, а од популациите требеништа и бугарија во однос на приносот и квалитетот (белковини, целулоза и Б.Е.М). За конвенционално производство може да се препорачат сортите ловќен и рајац и популацијата бугарија во однос на приносот и квалитетот, за можно ширење во производство.

Degree

thesis:*
Name dc:type.qualificationname
phd
Level dc:type.qualificationlevel
doctoral
Grantor dc:publisher.institution
Универзитет „Св. Кирил и Методиј‟ - Скопје
Year dc:date.issued
2008

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Spasova, Dragica

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/6339/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Spasova, Dragica. Сортна сепецифичност на овесот во услови на органско и конвенционално производство. Авторезиме од докторска дисертација.. doctoral thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј‟ - Скопје, 2008. https://eprints.ugd.edu.mk/6339/