University Goce Delcev Shtip
Избор на оптимална локација за регионална депонија во Централно - источен регион на Република Македонија со методи на повеќекритериумско одлучување
Abstract
dc:description.abstractЗголемувањето на бројот на населението, развојот и напредокот се неминовни, што директно влијае на поголемо користење на материјалните добра и на енергијата, се зголемува побарувачката и потрошувачката, што директно води кон зголемување на количинте на цврстите отпадоци од разни видови, но тоа не треба да значи дека животната средина мора да биде деградирана или пак уништена. Доколку човекот не превземе соодветни мерки за заштита на животната средина, таа ќе биде прекумерно искористена, загадена и уништена. Една од мерките за заштита на животната средина преставува депонирањето на цврстиот комунален отпад. Стратешките цели се засновани на постапно спроведување на општата шема за управување со отпадот, со којашто се дефинира концептот на техничката и технолошката рамка за управување со отпад, приспособена кон карактеристиките на животната средина. Во трудот се синтетизирани податоци за сегашната состојба со управувањето со отпадот во централно-источниот регион на Република Македонија, а пред сè постојните текови на отпад и практики на управување со отпад, како и националното и европското законодавството (политика) за управување со отпадот. Презентирани се и податоцитите за досегашните истражувања за избор на оптимална локација и карактеристиките на можните локации за регионална депонија во централно-источна Македонија. За најверојатните алтернативи извршена е детална анализа со помош на повеќекритериумските методи за одлучување при што како најсоодветна е користена AHP методата. Во завршниот дел презентирани се заклучоците од истражувањата, како доволна основа за конечен избор на локација за регионална депонија во централно-источна Македонија. КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: отпад, животна средина, AHP метода, управување, планирање, загадување,рециклирање
Degree
thesis:*- Level dc:type.qualificationlevel
- masters
- Grantor dc:publisher.institution
- University Goce Delcev Shtip
- Year dc:date.issued
- 2011
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Boshev, Zoran
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/634/