Ss. Cyril and Methodius University, Faculty of Economics, Skopje
Пазарна ориентација, маркетинг стратегија и план – основни бизнис чекори за успешно конкурентско позиционирање на малите и средни претпријатија на пазарот – со посебен осврт на индустријата и пазарот на кондиторски производи во Р. Македонија
Abstract
dc:description.abstractДокторскиот труд е разработен врз основа на две клучни цели: 1. Утврдување и докажување на големото влијание на малите и средни претпријатија (МСП) врз економскиот раст на национално и на светско ниво и 2. Докажување на позитивниот ефект од примената на современиот маркетинг концепт врз конкурентноста на МСП. Значењето на МСП беше анализирано и опишано врз база на клучни економски индикатори, опишување и утврдување на нивните клучни карактеристики и факторите кои влијаат за нивниот успех/неупех и мерките за државна поддршка на МСП во Република Македонија и Европската унија. Ефектите од примената на современиот маркетинг концепт беа опишани и анализирани преку три области – пазарна ориентација, маркетинг стратегија и маркетинг планирање. Податоците беа добиени од примарни и секундарни извори, а анализата беше спроведена со помош на софтверот IBM SPSS19. Истражувањето ги даде следниве резултати: 1. Значењето на МСП за националната економија е големо, но воочени се значајни недостатоци во мерките за нивна државна поддршка; 2. Пазарната ориентација на домашните претпријатија, а особено на микро и малите е на ниско ниво, а од друга страна степенот на пазарна ориентација има директно позитивно влијание врз профитабилноста и големината на пазарниот удел; 3. Постојат значајни недостатоци во тековните маркетинг активности на домашните претпријатија, особено кај микро и малите претпријатија; 4. Формалното маркетинг планирање кое резултира во континуирана подготовка на пишан маркетинг план е директно поврзано и влијае врз профитабилноста на претпријатието. Резултатите од трудот се корисни за подобрување на тековните практики на постојните домашни претпријатија од областа на маркетингот, како и за потенцијалните домашни и странски претприемачи кои сакаат да влезат во оваа дејност.
Degree
thesis:*- Name dc:type.qualificationname
- phd
- Level dc:type.qualificationlevel
- doctoral
- Grantor dc:publisher.institution
- Ss. Cyril and Methodius University, Faculty of Economics, Skopje
- Year dc:date.issued
- 2013
Author and committee
dc:creator, dc:contributor.*- Author dc:creator
-
- Jovanov, Tamara
Subjects
dc:subject × 1Rights
- Language dc:language
- en
Identifiers
dc:identifier.*- Repository record dc:identifier.uri
- https://eprints.ugd.edu.mk/8764/