Back to search

Goce Delcev University Stip

Управување со кредитен и каматен ризик во банкарскиот систем

Abstract

dc:description.abstract

Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи. Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката во согласност со претходно договорените износи и рокови помеѓу двете страни. Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Некои од активностите на банката, какви што се: процесот на идентификација, процесот на мерење, процесот на мониторинг и контролирање на ризикот, овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците што произлегуваат од него. Одлуките што се донесуваат за преземање на ризикот, треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и со целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, а исто така банките треба да поседуваат доволно капитал, со кој би се амортизирал преземениот ризик. Каматниот ризик претставува ризик од неповолни идни движења на каматните стапки, а со тоа и ризик од промена на вредноста на средствата што носат каматни приноси, какви што се банкарските заеми или обврзниците. Каматниот ризик е дел од категоријата пазарни ризици, кои ја искажуваат веројатноста или можноста од потенцијална промена на добивката и на пазарната вредност на капиталот на банката која би била предизвикана од промената на пазарните цени. Каматниот ризик ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на банката поради промена на пазарните каматни стапки односно каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на банката реагираат на промените на пазарните каматни стапки. Клучни зборови: кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања, менаџмент, каматна стапка, промени, каматен ризик, каматни приходи, пазар.

Degree

thesis:*
Level dc:type.qualificationlevel
masters
Grantor dc:publisher.institution
Goce Delcev University Stip
Year dc:date.issued
2018

Author and committee

dc:creator, dc:contributor.*
Author dc:creator
  • Vasilev, Zarko

Subjects

dc:subject × 1

Rights

Language dc:language
en

Identifiers

dc:identifier.*
Repository record dc:identifier.uri
https://eprints.ugd.edu.mk/20781/

Chain of custody

source
Harvested from
University of Goce Delcev
Base URL
eprints.ugd.edu.mk/cgi/oai2
Last updated
2026-11-26
Source record
OAI-PMH GetRecord
citation

Vasilev, Zarko. Управување со кредитен и каматен ризик во банкарскиот систем. masters thesis, Goce Delcev University Stip, 2018. https://eprints.ugd.edu.mk/20781/